Александра Пријовиќ била на инфузија пред концертите во Загреб: Преживеала вистинска драма неколку дена пред спектаклот (фото)

Џабе парите...

Здравјето нема цена…

Александра Пријовиќ одржа пет концерти во Загреб, а никој немаше поим низ што помина пејачката пред настапот.

На пејачката неколку дена пред да замине во Хрватска и се слошило, а за малку ќе го изгубила гласот. Таа веднаш се обратила на лекар. И препишале лекови и инфузии, но и одредиле и строг одмор. Затоа Александра пристигна во Хрватска само ден пред концертот.

„Александра многу напорно работеше во последно време и тоа се одрази на нејзиниот глас. Отпрвин се обидела да се излечи сама, но кога видела дека „ѓаволот си ја брка работата“ се обратила на лекар. И препишале адекватна терапија, а колку и била сериозна состојбата говори и тоа што медицинската екипа со денови доаѓала во нејзината куќа на Бежанијска коса да и дава инфузии. Ја советувале да не оди на патување и да не го форсира гласот во таква состојба, за да не се искомплицира ситуацијата дополнително“, изјавил нејзин близок пријател.

Тој посочил и дека Александра не ни помислила на такво нешто, да стави пауза на бурните концерти.

„Цело време додека била во Загреб, била на терапии и инфузии. Особено и беше тешко на пробата пред првиот концерт“, додал нејзиниот пријател.

Веднаш штом завршија концертите во загрепската Арена, Прија се врати во Белград.

Продолжи со терапии и домашно лекување, за да се одмори и подготви пред двата нови концерта кои наскоро треба да се одржат во Тузла.

„Мислев дека нема да издржам, но издржав“, изјавила Прија.

Несомнено е дека оваа работа бара многу жртви, но фактот дека Александра постигна успех за кој ќе се зборува уште долго е дефинитивен доказ дека нејзините напори се исплателе.

Фото: Инстаграм и принтскрин Јутјуб

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.