Пејачот Огнен Здравковски има причина да слави: Добро ни дојде Алекса! (ФОТО)

Неговата сестра роди машко бебе!

Популарниот пејач Огнен Здравковски вели дека вчера му бил еден од најсреќните денови во животот. Причина за тоа е што неговата сестра, виолинистката Оле стана мајка и на свет донесе здраво машко бебе.

Наследникот во музичкото семејство Здравковски доби и специфично име, односно се вика Алекса.

Огнен радосната вест ја сподели на социјалните мрежи, а честитките не престануваат да пристигнуваат…

Една од првите кои му честитаа е познатата пејачка Калиопи Букле, потоа водителката Вера Мештеровиќ, колегата Александар Тарабунов и многу други..

Инаку Огнен во неделата ја објави неговата најнова песна на српски јазик со наслов „Километрима“, која за само неколку дена има прелу 120.000 прегледи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.