Биковиќ подготвува тајна венчавка само за најблиските: Актерот одлучи да се ожени пред да се породи Ивана! (ФОТО)

Ќе има свадба!

Актерот Милош Биковиќ и неговата девојка Ивана Малиќ наскоро еден кон друг ќе се ветат на вечна љубов и верност.

Биковиќ и неговата избраничка го изговориле судбоносното „да“ во кругот на најблиските луѓе, семејство, пријатели и кумови, а сето тоа го држеле во тајност.

„Познато е дека Милош не сака јавно да изнесува детали од приватниот живот. Сака да избегне помпа, еуфорија и чинот на венчавањето да биде во строга тајност. Откако Ивана останала бремена, тие двајца разговараа на таа тема и официјално да стапат во брак, а тоа ќе се случи пред да станат родители“ – рекол извор за српските медиуми.

Откако беше дознато дека ќе стане татко, Милош Биковиќ решил максимално да се посвети на таа улога. Со идната сопруга тој веќе го подготвува и го реновира животниот простор.

Покрај тоа, тој и помага на идната сопруга за да може таа да одмара во благословената состојба, а според зборовите на неговите пријатели, тој ја третира како кралица.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.