Откриено зошто не се реновира семејната куќа на Тома Здравковиќ: Кочи само една работа! (ФОТО)

За жал...

Гордана Здравковиќ, сопругата на покојниот Тома Здравковиќ зборувала на тема за неговата семејна куќа во лесковачкото село Печеневце, која се уште не е обновена.

„Куќата беше во ред додека живееја баба и дедо. Меѓутоа, после смртта на баба, деверот се обиде да ја одржува куќата, но и тој е болен. Така да, во последните 10 години, таму ништо не се промени“ – рекла таа.

„Минатата година добив повик од едно момче кое е сопственик на кафаната „Tomina prica“, ми кажа: „Гоцо, куќата ќе се сруши, ајде да направиме нешто и да ја спасиме барем да не се сруши“. Така да го направивме покривот и тој со селаните и другарите направи одлична работа“ – објаснила вдовицата на Тома.

„Сега треба да се направи оставинска постапка, но децата како сите други деца не водат сметка за тоа. Моја желба е од куќата да се направи некаков музеј. Дали ќе успееме во тоа, не знам“ – рекла Гоца.

„Таму има работи од Тома додека живееше. Малку пропаднале, но тоа може да се среди. Се уште стои неговата гардероба и неговите лични работи“ – открила таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.