Саша Поповиќ откри колку троши само за одржување на куќата: „Имаме чистач на базен, градинар и куќна помошничка“ (фото)

Некој цел живот толку не може да префати низ раце...

Фото: Инстаграм

„Ич не му е лесно“…

Познато е дека Саша Поповиќ живее на висока нога. Сега призна дека има големи трошоци само околу одржувањето куќата, бидејќи има многу луѓе кои работат на неговиот имот.

Поповиќ на самиот почеток откри дека живее мирен и затскриен живот, но во вистински луксуз.

„Јас си легнувам рано. Јас и Сузана не сме излегле во клуб, ресторан, бар веројатно 15 или 16 години. Понекогаш одиме ако сме поканети на нечиј роденден. Си легнувам најдоцна околу 10:30 навечер. Сакам да гледам спорт, телевизија… Ние стануваме рано. Секогаш се будам околу 6, 7 и пол, а во 8 часот сум веќе на работа“, вели Поповиќ.

Без да крие јасно откри колку троши за да може како на себе така и на семејството да му го дозволи тој лагоден живот.

„Имаме големи трошоци. Имаме голема куќа. Живееме на повисока нога. Имаме чистач на базен, градинар, куќна помошничка, сето тоа се трошоци. Како и куќата во Опатија, има и таму трошоци“, вели Саша.

Меѓу другото откри и што му е најголемото богатство.

„Моите деца се моја гордост, мое богатство. Тоа ми е најважно во животот. Инаку сакам да играм пинг-понг, да одам на прошетки… Со Сузана сакаме да водиме здрав живот. Имаме пријатели во Виена, често одиме таму. Одиме во Трст на кафе, па во Венеција, Милано… Патуваме и одиме секаде. Многу време поминуваме во Опатија, таму имаме и пријатели“, заклучува Поповиќ.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.