Да не се знаело за доста: Слаѓа Алегро „плива“ во раскошот на Дубаи во друштво на мускулест бато (фото)

Како ли фотографијата излезе во јавност?

Кој е како нив…

Пејачката Слаѓа Алегро решила да се почести, па отпатувала на луксузна дестинација, а сега е откриено со кого го поминува времето во Дубаи.

Пејачката е позната по тоа што сака со семејството да посетува луксузни дестинации, а овој пат решија да го посетат Дубаи.

Слаѓа засега ги остави настрана настапите и гостувањата, а слободното време го користи за да ужива со своите најблиски.

Пејачката често на своите следбеници и обожаватели им споделува нови фотографии на социјалните мрежи.

„Не ги бројам годините за да видам колку можеме, туку како можеме“, напиша Слаѓа на фотографијата на која позира со сопругот.

Но тука не заврши пораката. Па додаде:

„Те сакам мое срце“.

Да потсетиме, Слаѓа Алегро неодамна прослави годишнина од бракот со сопругот, а по тој повод му се обрати со емотивна порака:

„Осум години. Не ги бројам годините за да видам колку можеме, туку како можеме. Те сакам“.

Фото: Инстаграм

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.