Новата музичка ѕвезда е родена: Ванеса Митовска го воодушеви жирито во „Заблескај“ (ФОТО)

Одлична пејачка!

Пред неколку дена се одржа финалето на музичкото онлајн талент-шоу „Заблескај“, а во недела во 21 часот ќе имате можност и вие да дознаете кој од учесниците е победник во втората сезона.

Една од пријавените учеснички беше и младата Ванеса Митовска, која со својот совршен глас ги освои симпатиите на жири-комисијата составена од: Николче Мицевски, Александра Јанева, Антонио Димитриевски и Маја Кикириткова.

Поразговаравме со Ванеса за нејзините впечатоци од шоуто, а ова се нејзините одговори:

Колку си задоволна од твоето претставување во „Заблескај”?

Секогаш може подобро, но дефинитивно сум задоволна од моето претставување.

Дали коментарите на жирито беа реални, според тебе?

Да, секако.

Чиј коментар најмногу ти се допадна?

На сите членови коментарите еднакво ми се допаднаа, не можам да издвојам еден.

Очекуваше ли да победиш?

Сите бевме дојдени да победиме, така што – да.

Би се пријавила ли повторно?

Да, се разбира!

Кои се твоите музички планови?

Ќе продолжам со пеење, одење на часови и се надевам дека еден ден ќе ја постигнам мојата цел.

Текст: Васко Спасоски

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.