НАСКОРО: Influencer Awards 2022 доаѓа! Бидете подготвени!

Одбројувањето почна...

Веќе традиционално, и оваа година компанијата „Колор медиа плус“ е организатор на еден од „најкоментираните“  и најпосакувани избори во нашата земја, U&Z Influencer Awards 2022, на кој ќе се изберат и прогласат највлијателните момци и девојки на социјалните мрежи во нашата земја.

Тоа значи дека од 7 ноември до 5-ти декември ќе биде отворен конкурсот на кој ќе може да се пријават заинтересираните натпреварувачи според одредени правила за учество.

Конкурсот за U&Z Influencer Awards 2022 ќе се одржува на порталот www.ubavinaizdravje.mk, како и на социјалните мрежи на компанијата и во највлијателното списание за жени во регионот „Убавина и здравје“.

За изборот победниците ќе одлучуваат гласовите на читателите и на следбениците на брендот „Убавина и здравје, како и стручното жири.

Influencer Awards 2019

Предвидени се вкупно 10 категории во кои учесниците ќе можат да се пријават и кои ќе бидат објавени наскоро на порталот www.ubavinaizdravje.mk и на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Инстаграм-ѕвездите блеснаа на U&Z Influencer Awards: Еве кој победи во 2019! (Фото-галерија)

Изборот се спроведува заради промовирање и афирмирање креативни почетници и веќе докажани инфлуенсери, кои имаат потенцијал да вршат значајно влијание преку социјалните мрежи. Целта е да им се помогне да се поврзат со потенцијалните клиенти.

Пријавувањето почнува на 7 ноември и трае до 5-ти декември, а прогласувањето на победниците ќе биде на гала-забавата што ќе се одржи во декември.

Сите што ќе сакаат да се пријават на овој избор, треба да испратат порака на е-пошта redakcija@ubavinaizdravje.mk или да испратат порака на профилот @ubavinaizdravje.mk на Инстаграм и на Фејсбук.

Придружете ни се во славењето на инфлуенсерската заедница во овие категории во чест на оние кои позитивно влијаат на нашите животи преку својата личност, знаење и експертиза.

ПОТСЕТЕТЕ СЕ: Прогласени се победниците на Influencer Awards 2020 

Имаат различни занимања, интереси и таленти. Но едно нешто ги поврзува: сите тие се влијателни на социјалните мрежи. Ги користат своите уникатни вештини за да предизвикаат промени и да ги инспирираат своите следбеници.

Како организатори на изборот, горди сме што го славиме инклузивниот и разновиден талент претставен преку нашите номинирани, победници, презентери и целокупната заедница на влијателни на социјалните медиуми.

Наскоро ќе бидат објавени повеќе детали за правилата за учество, затоа следете нè!

Доколку сакате да се потсетите на победниците во 2021 година, кликнете ТУКА.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.