Инстаграм-ѕвездите блеснаа на U&Z Influencer Awards: Еве кој победи! (Фото-галерија)

Кој беше прогласен за Influencer Star?

Вечер на гламур, награди и незаборавна забава

Првата недела од декември почна гламурозно за инфлуенсерите пријавени на U&Z Influencer Awards – настан што првпат се одржа во Македонија во организација на Колор медиа плус, издавачот на најстариот женски магазин кај нас „Убавина и здравје“, и кој претставуваше можност да станете влијателна личност на социјалните мрежи или да ја зацврстите својата позиција на нив.

Катната гаража осветлена во боите на U&Z Influencer Awards

Прекрасно украсената сала на Ragusa Rooftop 360 многу брзо се наполни со убави луѓе, дотерани во chic&glam стил, меѓу кои покрај истакнатите инфлуенсери, имаше и многу наши јавни личности и претставници на медиуми.

Марко Новески, на спонтан и забавен начин, ги водеше гостите низ целиот настан – финалето во кое се одбраа победниците од сите пријавени учесници кои изминативе три месеца објавуваа фотографии со производи на Violeta, генерален покровител на U&Z Influencer Awards, како и со производите од поддржувачот на категоријата во која се пријавиле.

Исклучително тешката задача да се одберат најоригиналните и најкреативните им припадна на стручното жири и покровителите: компанијата „Виолета“, официјалниот покровител на изборот, Државна лотарија на Македонија и Лото 7 како партнер за среќа и покровител на категоријата Happiness, B watch покровител на категоријата Travel, Profit со брендот NuMe во категоријата Fashion, во рубриката Lifestyle имаше двајца покровители Miniso и KFC, а во рубриката Beauty покровителот учествуваше со три бјути-брендови Artdeco, Mislin и Good Girl by Carolina Hererra, категоријата Instaman беше поддржана од Bad Boy  by Carolina Herrera и Urban Hero by Jimmy Choo, и Health Influencer поддржана од фармацевстката компанија Еурофарм.

Членови на стручното жири беа тв-водителката и лидерка на Инстаграм Лила Филиповска, извршниот директор и основач на „Пи Ворлд“ Коста Петров, победникот на регионалното реално шоу „Големиот брат“ Дарко Спејко, основачот и извршниот директор на првиот македонски портал за маркетинг – marketing365 Борис Ефтимовски, маркетинг-директор на „Пиксел“ Владимир Ристевски, Тијана Вук од „Дајрект Медиа“, Стефан Дојчиновски од „Медиа Хаус“ и Мартин Ѓорѓиески од „Медиа План“.

Дарко Спејко

За конечниот избор на победници пресудни беа креативноста, оригиналноста, квалитетот на фотографиите и описите, композицијата и техничките карактеристики. При оценување беа земени предвид само постовите што се објавувани со цел учество во изборот, а не целокупниот профил на учесниците и другите постови.

Официјално возило на U&Z Influencer Awards беше Ford со моделите Ford Focus и Ford EcoSport.

На настанот Јована Стојменовиќ, уредничка на магазинот „Убавина и здравје“, ја најави и новата платформа www.influenceragency.mk на која се добредојдени сите инфлуенсери, со цел да бидат повидливи за клиентите, а клиентите да имаат реален и голем избор на микро и макро инфлуенсери. Платформата во полна функција ќе биде пуштена во март.

Откако победниците беа прогласени, а статуетките доделени, шоуто можеше да продолжи со енергичните Brass Brothers кои приредија забава за паметење. Гостите танцуваа, уживаа во вкусната закуска и пијалаци, се фотографираа и ширеа позитивни вибрации, сè до полноќ.

Несомнено е дека ова ќе биде вечер за која долго ќе се зборува, а во продолжение погледнете кои беа победниците во секоја од категориите:

Health Influencer – Весна Коцевска @whisper.ves

Food Influencer – Теодора Георгиевска @gotvime.so.tea

Lifestyle Influencer KFC – Стојан Симјаноски @simjanoski.s

Lifestyle Influencer Miniso – Елена Горгиевска @elena_gorgievska_fitlife

Fashion Influencer – Никица Ацева @nikicaaceva

Посебно истакнати во оваа категорија беа и Анастасија Димеска @dimeska.a и Габриела Илиоска @gabrielailioska

Анастасија Димеска и Ивона Трајановска, управителка на „Профит“
Габриела Илиоска
Happiness – Христина Манчева @_manche
Христина Манчева и Марјана Станојкоска
Beauty Influencer – Ана Франгова @im.reinana

Посебно истакната во оваа категорија е Ангела Василевска @angela.vasilevska.5

Instaman – Филип Макрадули @filip.makraduli

Посебно истакнат во оваа категорија беше и Нинослав Антовски @iamninoslav

Travel Influencer: Бојан Гиевски @gievskibjn

Посебни признанија добија нашите Rising Stars, кои беа многу блиску до главната награда Influencer Star и посебно се издвоија од останатите: Нинослав Антовски (@iamninoslav), Ангела Василевска (@angela.vasilevska.5), Анастасија Димеска (@dimeska.a), Валерија Преспаноска (@valerijaprespanoska), Даниел Трбогазов (@mojtrener.mk).

Главната награда Influencer Star и’ припадна на Стефанија Кржеска (@krzheska), поради креативниот начин на кој ги претстави производите на Violeta.

Свои признанија во главната категорија за својата креативност добија и Анастасија Димеска (@dimeska.a) и Розалиа Митрев (@rozzalia_mitrev).

Дијана Мариќ, регионална менаџерка на Violeta им додели награди на одбраните инфлуенсерки

Наградените учесници добија вредни подароци од поддржувачите на нивните категории, склучување годишни договори, патувања (Turkish Airlines, Aurora), модни креации (модно студио НАНА, Кадора, Андреј Папаз, Викторија Арсовска) и други изненадувања.

 

 

View this post on Instagram

 

#influenserawards2019 #influensersparty #bestofthebest #glamournights

A post shared by Maja Gligorovska 👠 (@majatino) on

 

View this post on Instagram

 

Influencer awards 2019 Ubavina i zdravje Influencer star Stefanija Krzheska 🎊

A post shared by Stefanija Krzheska (@krzheska) on

Фото: Горан Десковски, Ристе Троковски

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време