15 оригинални идеи: Најубавите новогодишни подароци што лесно можете и самите да ги направите! (ВИДЕО)

Разбудете ја вашата креативна страна

Овие подароци сигурно ќе им измамат насмевка на вашите најблиски

Празничниот шопинг секоја година за многумина претставува вистински извор на стрес. Метежите низ продавниците не се нешто што сакаме да го гледаме, особено во период кога пандемијата на коронавирус е во полн ек.

Онлајн-шопингот е подобро решение, а ако сте дел од оние што сè прават во последен момент, ви предлагаме да ја разбудите вашата креативна страна и самите да направите подароци за вашите драги луѓе.

Така ќе им покажете дека навистина ви значат дека сте биле подготвени да издвоите време и да вложите труд за да ги изненадите. Овие „направи сам“ подароци секогаш се подобро решение.

Еве на какви идеи налетавме…

Блогерката Семи ѝ се посветила на изработката на персонализирани подароци. Таа предлага да направите маици, постелнина или декоративен предмет со посвета или симбол што ќе ѝ значи на личноста на која ќе ѝ го подарите.

Можете да креирате слика, цитат или нешто слично и да го пресликате тоа некое парче облека или на навлака за перница. Исто така, можете да направите и украсна кутија, држач за чаши или нешто слично.

Кејли за своите драги луѓе испекла колачиња и направиле божиќни кугли, па сето тоа го спакувала во интересна кутија. Мора да признаете дека ова е одлична идеја.

Исто така, објаснила и како можете сами да направите миризливи соли за бања, чоколадни грицки на стапче и уште многу други корисни работи.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.