Мисица исфрлена од ресторан, бидејќи дошла облечена во бикини: „Човекот е женомрзач“ (ФОТО)

Таа не гледа никаков проблем во тоа...

Ерика Хелин, во 2018 година беше прогласена за најубава жена во Финска, а таа својата убавина не сака да ја крие. Токму тоа ја довело до една непријатна ситуација, па поради тоа решила да се огласи на социјалните мрежи.

Оваа мисица која има 28 години, решила да оди на вечера во еден ресторан во Хелсинки, а за таа прилика облекла црно, мини-здолниште, а горе пак розово бикини. Откако седнала на масата, таа била исфрлена од локалот, поради непристојна облека, а тоа на неа не и било воопшто јасно.

„Тој кретен дојде до мене, ми кажа дека морам да си идам, скоро ме извлече од барот. Иако на некој начин се спротиставув, тој гласно го критикуваше мојот избор на облека“ – раскажала таа на Инстаграм.

Истакнала дека можела да купи поинаква облека во најблискиот бутик, но не сакала да го направи тоа, а човекот кој ја исфрлил од ресторанот го нарекла „женомрзач“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.