Македонката Валери повторно „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“: Поради неа се скараа Босанац и Вики Миљковиќ! (ВИДЕО)

Валери е новата македонска ѕвезда!

Фото: Инстаграм

Младата пејачка Валери Димовска уште еднаш докажа и покажа зошто е еден од главните фаворити за во финалето „Ѕвездите на Гранд“.

Нејзиниот настап во саботата помина одлично, пееше песни на Емина Јаховиќ и Едита и ги освои сите шест гласови на жирикомисијата.

Меѓутоа по нејзиното пеење се разви полемика помеѓу членовите на жирикомисијата. Босанац и Ана Бекута истакнаа дека во втората песна на Валери не можеле да ја разберат што пее.

На ова жестко се спротистави пејачката Вики Миљковиќ и Саша Поповиќ, кои имаа само пофални зборови и за двете песни.

Погледнете го настапот на Валери:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.