Новата „Убавина и здравје“ е во продажба: Богата со содржини, но и со подароци за верните читателки!

Простете! И среќна Нова година!

Да, би сакале на крајот од годината да се потсетиме колку е важно да влеземе во новата со многу убави желби и надежи, но, најважно, ослободени од вишокот товар од минатата. Секој носи некој свој товар, дел од товарот ќе мора да се понесе и во новата година, но она што секој од нас би требало да го отфрли се „раните“ поради кои не можеме да му простиме некому или, уште полошо, себеси.

На стр. 74, Марија ви открива колку е тоа важно и како да се дојде до тоа простување.

Јас, размислувајќи многу низ годините на оваа тема, налетав на една интересна приказна, која би можела да биде интересна или поттик за простување.

Во книгата „Уметноста на простувањето, љубовта и мирот“ на Џек Корнфилд е опишан африкански ритуал на простување:

Во племето Бабемба во Јужна Африка, кога некој постапува неодговорно или неправедно, тој е сместен во центарот на селото, сам и без некакво ограничување. Сите активности престануваат, и секој маж, жена и дете во селото се собираат во голем круг околу обвинетиот поединец. Тогаш секој од племето разговара со обвинетиот, еден по еден, присетувајќи се на добрите работи што лицето во центарот на кругот ги направило во текот на својот живот. Се раскажува секоја случка, секое искуство на кое може да се потсети, со секој детаљ и точност. Сите негови позитивни атрибути, добри дела, моќи и добрини се цитираат внимателно и долго. Оваа племенска церемонија често трае неколку дена. На крајот, племенскиот круг се прекинува, се одржува радосна прослава и личноста симболично и буквално се пречекува повторно во племето.“

Тешко дека некој од нас би се одлучил да организира ваков обемен ритуал, но секогаш секој од нас може да го зајакне и поттикне простувањето кај себе доколку се потсетиме на позитивните квалитети, моменти и придонеси во односот на оној што ни згрешил.

Простувањето не значи да се обнови односот, ниту да се жали по загубеното, туку да се слават сите убави нешта од минатото, да „не боли повеќе“ и ослободени да ги прифатиме лекциите.

Мислите дека можете? Пробајте! Простете ни и нам! Во име на сите убави приказни и нешта досега.

Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“ Фото: Спасе Јовановски

Во продолжение, ви ги откриваме содржините што можете да ги прочитате во новиот број.

У&З тренд

15 Моќта на зборот „благодарам“

16 Еуфорија на ноктите

18 Топчиња со колаген

20 Сте чуле за флекситаријанство?

22 Самовилска коса

24 Надреалистички пејзажи

26 Поминете ги празниците – сами

28 Тренирање без тренинг

30 У&З конференција: Профемина 2021

Бидете единствени

35 Освежете ја фризурата

40 Гламурозен призвук

46 Водич за подарок

48 Се носи карирано

50 Иднината на убавината е „чиста“

54 Разговор за убавината со Ивана Јанева Попов

Мода

59 Блескави празници

64 Прегрнете го гламурот

70 Време е за забава

72 Модна листа на Зои Блаж 

Бидете вити и здрави

74 Ослободи се!

78 Која е разликата помеѓу мобилност и флексибилност?

82 Врската меѓу стресот и тежината

84 Еликсири на здравјето

86 Анатомија на кризата на средните години

У&З животен стил

93 Внимание: Жариштата на микробите се во вашиот дом!

98 Тепих за трпезаријата

100 Пречек без стрес

102 Клучна одлука за нов живот

110 Ледени доживувања

114 Слатко финале

117 Како се хранам: Снеже Велков

118 Чек-листа на Наташа Миха

126 Ивана Балабанова одговара на прашањето што ве прави среќни

Колумни

34 Марија Лукаревска: Шарени балони

НА НАСЛОВНАТА: Лила Филиповска за „Адор голд“

ФОТО: ДАРИО ЈАНКОВИЌ

СЛЕДНИОТ БРОЈ ИЗЛЕГУВА ВО ФЕВРУАРИ!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.