Ѕвездата од серијата „Досие Икс“ е непрепознатлива: Бил на рехабилитација поради зависност од секс, а едвај му одолеал на овој култ!

Повторно снима филмови

Некогаш беше главен холивудски заводник

Во 1990-тите Дејвид Духовни беше еден од главните фраери во Холивуд, благодарение на серијата „Досие Икс“. Жените го обожаваа, а подоцна популарност му донесе и хит-остварувањето „Калифорникација“.

Меѓутоа, денес ретко кој би го препознал славниот заводник. Папараците го фотографирале по петгодишна пауза, за време на која му се посветил на пишувањето и пеењето, а многумина се израдувале што се вратил на снимање. Сепак, не ја очекувале оваа промена на имиџот.

Имено, актерот го снима новиот филм The Estate, но и романтичната комедија со Мег Рајан „Што се случува подоцна“. Дејвид, кој наскоро ќе наполни 61 година сé уште е во одлична форма, но на социјалните мрежи му порачуваат „под итно да се ослободи од мустаќите“.

Денес живее мирен живот без скандали, меѓутоа, само неколку години претходно приказната беше потполно поинаква. Имаше претпоставки дека ја изневерувал сопругата, иако немаше цврсти докази за тоа.

Водеше бурен живот, а во еден момент призна дека бил зависник од секс, односно дека завршил на рехабилитација поради тој проблем. Истата година, неговиот тим за односи со јавност објави дека се разведува од сопругата, но во наредниот период често се смируваа и раскинуваа. Двојката денес е во добри односи, најмногу поради децата, а на поранешната сопруга во во еден момент ѝ плаќал алиментација од вртоглави 600.000 долари месечно.

Исто така, актерот пред неколку години крена прашина со признанието дека за малку ќе ѝ се приклучел на Сајентолошката црква. Во интервју за The Daily Beast, Дејвид ги раскажал своите впечатоци од сајентологијата што ги стекнал на венчавката на неговиот пријател Џејсон Беџи во 2000 година, кој во меѓувреме го напуштил озлогласениот култ.

„Отидов на неговата венчавка во Celebrity Center во Лос Анџелес, а тие ми приредија претстава. Веднаш сфатив дека ми поставуваат лични прашања и дека се обидуваат да соберат информации што не сакав да им ги дадам. Па така, тоа не помина добро, не играв по нивни правила и никогаш не се вратив“, раскажал Дејвид.

Додал и дека Џејсон никогаш не се обидел да го привлече во црквата, но тогаш изразувал задоволство како нивен член.

„Тој само ми кажа дека тоа е супер и дека би требало да пробам, дека не може да се случи ништо лошо. Се гледавме одвреме-навреме и забележав дека неговиот речник е поинаков. Начинот на кој го опишуваше светот и своите искуства, особено психолошките. Целосно се промени“, се присетил Дејвид своевремено.

Џилиен Андерсон: „Ако видам панталони што лежат на подот во дневната соба на мојот партнер, ги прескокнувам и одам понатаму“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.