Велат дека изгледаат како мајка и син, а сега добија дете: Ниту еден брак не е бајка, па ни нивниот!

Неверојатно

Пријанка Чопра и Ник Џонас имаа венчавка од бајките, но не може истото да се каже и за нивниот брак

Кога Ник Џонас ја запроси Пријанка Чопра, 11 години постара актерка, сите се смееја. Велеа дека не си одговараат, дека изгледаат повеќе како мајка и син одошто како љубовна двојка, но тие двајца успеаја да истраат.

Потоа се случи венчавката во Индија која беше повеќе од бајковита, а следуваа и низа појавувања на црвениот килим. Брачната двојка Џонас-Чопра нé увери дека љубовта е можна и вистинска.

Но годините минуваа, па така се раѓаа и шпекулациите: зошто немаат деца, зошто патуваат одвоено, што се случува со нив?

Прво пристигнаа вести дека се разведуваат, а потоа Пријанка објави дека добиле дете со помош на сурогат-мајка, замолувајќи ги новинарите за приватност.

По три месеца, конечно ја покажаа ќерка им, на која ѝ го дале името Малт Мари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Priyanka (@priyankachopra)


Чопра во емотивна објава по повод Денот на мајката напишала:

„На овој Ден на мајката, не можеме а да не размислуваме за последниве неколку месеци и за ролеркостерот што го доживеавме, а кој многумина го имаат искусено. По повеќе од 100 дена на интензивна нега, нашето девојче конечно е дома. Патувањето на секое семејство е единствено и изискува одредено ниво на верба.“

Актерката му се обратила и на Ник со овие зборови:

„Не постои никој друг со кого попрво би поминала низ сето ова. Ти благодарам што ме направи мајка – те сакам!“

Многумина велат дека личат на мајка и син: Актерката открила детали од бракот со 10 години помладиот партнер!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.