Женските срца скршени, Здравко Чолиќ си ја соголи душата за деновите зад решетки: „Виновен е, осудете го“ (фото)

И славниот пејач помина низ пекол...

Фото: ПР

Било, па поминало…

Познатиот пејач Здравко Чолиќ иако со години важи за „момче за пример“ сепак се соочи со мали проблеми со законот, односно се најде пред животен предизвик. Низ годините и тој се соочи со моментот да дава изјава на суд, а некои од неговите „верни“ обожаватели скандираа:

„Виновен е, виновен е!“.

Пејачот во текот на осумдесетите одлучи на момент да се одмори од музиката и да се посвети на бизнис. Во тој период Чолиќ се соочи со полицијата, но кратко потоа беше пуштен да се брани од слобода.

„Бев некој вид на менаџер и човек кој има инвестирано средства во областа на телекомуникациите, но пошироката јавност дозна за тоа откако бев уапсен во Охрид поради фактот што менував девизи. Во тој период не се исплатеше тоа да го правам во Белград или Загреб. Едноставно беше поевтино да купам во Македонија“, рече пејачот, па одговори за своето искуство во таква ситуација:

„Навистина ми беше непријатно. Сите ме следеа и се прашуваа што правам во февруари во Охрид кога немам ниту концерти, ниту има туристи. Јас ги носев девизите со капут и тогаш се случи целиот хаос. За среќа, Анте Марковиќ воведе легален откуп на девизи, па така не завршив зад решетки. Како и да е, се работеше за легални пари, не беа од „црни бизниси““, рече Чолиќ.

Сепак тој три дена ги помина во притвор, а за целата ситуација од денешна перспектива коментира:

„Првиот ден бев во канцеларијата на началникот. Бев почитуван. Потоа ме пратија во хотел каде што спиев, а следното утро повторно бев повикан на разговор. Разговорот траеше цел ден, од осум наутро до осум вечерта. Се работеше за притвор, но сепак ме толерираа. По неколку денови ме пуштија да се бранам од слобода. Но она што и денес го паметам е дека кога и да се појавњв пред суд некој скандираше „Виновен е, осудете го“, додека имаше и такви кои дофрлаа: „Каде го носите човекот, сите купуваме девизи““, рече пејачот.

Фото: принтскрин

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.