За да ги плати трошоците за лекувањето, ги продавал скапоценостите: Познатиот моден дизјанер, кој креираше за Бијонсе, почина во 38-та година

Ја загуби битката

Познатиот моден дизајнер Кутери Лебоганг Кекан, кој ја облекувал Бијонсе, почина на 38-годишна возраст по борба со ракот, во неделата, во својот дом во Јоханесбург, потврди неговото семејство.

Beyonce's South African designer hits hard times and moves into his parents  Soweto back room - style you 7

На модниот маг му беше дијагностициран мултиплекс миелом во 2021 година. Се зборува дека 38-годишниот дизајнер закрепнува и дека ја почнал втората фаза од хемотерапијата, но набргу потоа починал.

Семејството Кекан со длабоко жалење и тага ја потврдува прераната смрт на меѓународниот моден дизајнер, син, татко и брат Лебоганг Квитерија Кекана (38) по кратка битка со ракот“, се вели во соопштението на неговото семејство.

Модниот дизајнер, кој неодамна се врати дома, за Drum magazine изјави дека ќе ја надмине болеста.

Тоа е една од најтешките одлуки што морав да ги донесам, но за да закрепнам, морав да бидам таму каде што се чувствувам сакан и без пресуди“, рече тој.

Квитерија рече дека се вратил во Јужна Африка поради високите трошоци поврзани со лекувањето на болеста.

Трошоците за добра здравствена заштита донесоа голем финансиски напор за мојот бизнис“, изјави тој тогаш за списанието.

Дизајнерот, кој е татко на едно дете, продал некои вредни работи за да врзе крај со крај, а блиските пријатели му помогнале со медицинските сметки.

Беше тешко, но верувам дека ќе закрепнам и ќе продолжам да правам убава облека. Ќе го победам ова. Скоро секоја пречка ја надминав во минатото”, изјави Квитерија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.