Водич на бизарен култ ги присилувал жените на интимни односи: Ги терал да прават болни операции, па бил осуден на 8.658 години затвор!

Бизарно

Водич на култ ги присилувал жените на интимни односи, ги терал на болни операции без анестезија, па бил осуден на 8.658 години затвор

Аднан Октар (66) од Турција, попознат е како водич на култ кој ги присилувал сексуалните робинки на естетски операции, и тоа без анестезија. Меѓутоа, Аднан минатата година бил осуден на 8.658 години затвор.

Бил осуден за сексуално злоупотребување малолетнички, за разни измами, како и за обиди за политички и воени шпионажи. Сепак, донесената пресуда набрзо била поништена, додека на повторното судење конечно добил затворска казна повисока од првобитната.

https://twitter.com/restitutorII/status/1592883809644867584?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1592883809644867584%7Ctwgr%5Ea174e5307a357ad26b34759e614069805ed18ea2%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Flifestyle%2Fzanimljivosti%2F190375%2Fvodja-kulta-prisiljavao-zene-na-intimne-odnose-pa-osudjen-na-8-658-godina

Инаку, Аднан се прославил со ток-шоуто што го водел на својот ТВ-канал А9. Концептот се сведувал на мешање исламски верски дебати со апокалиптични талкања и атрактивни модели кои носеле егзотична шминка, перики и фустани во стилот на робинки. Култот, чиј предводник бил Аднан, броел 160 членови, меѓу кои имало и жени кои биле познати како „мачиња“.

Седа Исилдар е една од жените што биле во негово ропство, а која побегнала од добро чуваниот имот на Октар во Канада.

Таа во една пригода рекла дека била намамена во култот и била принудена на операција на носот, без никаков анестетик за болки.

„Беше ужасно. Ужасно. Уште се сеќавам на чеканот. Броев колку пати удираа со чекан и длето во мојот нос“, рекла таа.

Исилдар исто така навела дека сè уште одела на училиште кога ја запознале со Октар и дека била принудена да се омажи со него. Таа не е единствената жена која изнела вакво сведочење, додека уште една жена на неговото судење рекла дека Октар имал сексуално нападнато и други жени.

Таа истакнала дека биле принудувани да земаат контрацепциски пилули, додека полицијата во неговиот дом затекнала 69.000 контрацепциски пилули, за кои рекол дека биле користени за лекување кожни нарушувања и менструални проблеми.

Угур Сахин тврдел дека бил тинејџер кога првпат слушнал за Октар и набрзо се открило дека тој бил еден од неговите „лавови“ што ги регрутирале жените во култот. Објаснил дека неговата работа тогаш била да ги заведе жените и полека да им ја одзема независноста додека не бидат изманипулирани во сексуални робови.

Бизарниот култ ѝ го уништил бракот: Кога бившата сопруга на Ерос Рамацоти ќе облече костим за капење, сите занемуваат!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.