ПОДАРОК од „Есенса“: Сет производи за посилен имунитет

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

„Есенса“ ќе израдува 1 читателка со сет производи за посилен имунитет – кесички Magnevital Direct и спрејови за нос Marisol Jet и Marisol Jet Strong.

Magnevital Direct, прашок за директна примена содржи оптимален однос на магнезиум, цинк, витамини Б1, Б6, Б12 и витамин Ц. Придонесува за намалување на чувството на умор и исцрпеност, правилно функционирање на мускулниот, нервниот и имунолошкиот систем и заштита на клетките од оксидативен стрес. Производот има пријатен вкус, збогатен со арома на грејп. Не содржи шеќер и глутен. Како засладувачи се користени: сорбитол, сукралоза и неохесперидин ДЦ, па можат безбедно да го користат и дијабетичарите.

Marisol jet е 100% природен, на база на морска вода богата со минерали, без конзерванси. Има силен деконгестивен ефект, благодарение на хипертоничните својства. Ја навлажнува и регенерира назалната слузница и со испирање ги отстранува алергените и честичките од надворешната средина кои доведуваат до иритација.  Marisol jet има ергономски апликатор кој овозможува едноставно и комфорно користење.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во декември.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! Забавувајте се со нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.