Вљубениот Кристијано Роналдо не ги крие емоциите кон неа (ФОТО)
Таа е специјалната личност во неговиот живот
Кристијано Роналдо конечно призна дека неговата 26-годишна девојка и мајка на неговата ќерка, Георгина Родригез е посебна личност во неговиот живот. Досега, тоа место ѝ го даваше на својата мајка, но откако Георгина и тој почнаа заедно да ги одгледуваат неговите и заедничкото дете и да живеат под ист покрив, изгледа листата на посебни личности претрпела измени.
Имено, вљубениот фудбалер прво во коментар на фотографија ѝ порача на сексапилната поранешна продавачка дека е најубавата жена на земјава:
… а потоа им порача на своите многубројни следбеници дека своите соништа треба да ги исполнуваат во друштво специјално друштво, објавувајќи фотографија на која тој и Георгина позираат на јахтата со која летово „се кријат“ од папараците и од љубопитните обожаватели.
А дека навистина на јахтата си поминуваат незаборавно сведочат и фотографиите и видеата што Георгина ги објавува на Инстаграм.
Хакуна матата или без грижи, нели?! Се разбира, задникот е неизбежен во прв план…
Фото: Инстаграм, Getty Images