Висока ограда и куќичка за обезбедување: Новите соседи на Ана Севиќ зборуваа за нејзината луксузна вила, пејачката мислела на секој детаљ (ФОТО/ВИДЕО)

Мора комшиите да кажат нешто...

Убавина и мерак за семејството…

Ана Севиќ, која неодамна повторно стана водителка на Ѕвездите на Гранд, пред извесно време ја смени адресата на живеење.

Пејачката пред неколку недели со семејството се преселила од луксузен стан во белградската населба Шумице на престижна локација на Бежанијска коса.

Нејзините нови соседи открија дека Ана исклучително се посветила на декорацијата на вилата, која ќе биде како оние во Холивуд.

„Ана последните неколку дена е во тотален хаос. Сè уште е во процес на преселба. Мајсторите и аранжерите се менуваат постојано, бидејќи таа сака сè да биде совршено.  Нејзина цел е да ја направи вилата како оние во Холивуд. За неа е особено важно да ја зачува приватноста на семејството, па затоа инсистирала на висока ограда. На влезот има и куќичка за обезбедувањето кое ќе биде ангажирано да обезбедува 24 часа“, вели еден од соседите.

Дворот е толку голем што нејзините деца ќе имаат многу простор за играње, а во близина има и одлични места за прошетка и уживање.

Инаку во близина живеат и Саша Поповиќ, Лепа Брена, Александра Пријовиќ, Драган Којиќ Кеба и многу други естрадни ѕвезди.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.