Викторија е полна со живот, а нејзиниот партнер е на работ на силите: Сè потешко му е да го следи нејзиното темпо

Каква двојка!

Погледнете како изгледа поранешната Плејбој-зајачица на плажа со партнерот, кому му е сè потешко да го следи нејзиното темпо

Некогашната плејбој-зајачица Викторија Силвстед денес има 48 години и тело поради кое многу жени ѝ завидуваат. Кога таа ќе се појави на плажа, сите очи со причина се вперени во неа. Меѓутоа, она за коешто постојано се зборува е нејзиниот љубовен однос со милијардерот Морис Дабах.

И покрај злите јазици, тие со години се заедно и не се разделуваат. За време на Филмскиот фестивал во Кан решиле да се опуштат на плажа. Но она што на сите им паднало в очи е дека Викторија се капела сама, како и дека на секоја фотографија е сама.

Многумина коментираат дека милијардерот не може да го следи темпото на својата девојка, и покрај големите напори. Тие често се на мета на негативни коментари, поради тоа што манекенката е повисока од Морис за две глави.

Токму тоа е повод за луѓето да мислат дека Викторија е со Морис само заради пари. Атрактивната Швеѓанка никогаш не криела дека го сака гламурозниот стил на живот, а познато е дека отсекогаш била во врска со богати и влијателни мажи. Таа исто така била во врска со озлогласениот Хју Хефнер.

Многумина би помислиле дека парите се единственото нешто поради коешто Викторија била во врска со моќни мажи, но нејзиниот материјален статус секогаш бил добар.

Викторија Силвстед е родена во селото Шелефтехам во северниот дел на Шведска. Има постара сестра и помал брат. Во младоста му била посветена на јавањето и сакала да стане ветеринар.

Само нејзе може толку добро да ѝ стои мини-здолниште на 46 години: Ова е рецептот за совршен изглед на Викторија Силвстет
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.