3 потега што ги бришат годините од лицето: Искусна шминкерка покажала како да постигнете младешки изглед!

Одличен трик

Ќе ги избришете годините од лицето со овој начин на шминкање

Искусната шминкерка Черчил Кавано покажала како се става коректор за опуштената кожа визуелно да изгледа затегната.

Со текот на годините, нивото на колаген се намалува, а поради се појавуваат и првите брчки. А со оглед на тоа што гравитацијата ѝ е сериозен непријател на кожата, таа станува сè поопуштена.

Експертите за естетска медицина обично ги советуваат дамите во години да стават филери токму во средниот дел на лицето, бидејќи тој прв почнува да се опушта.

Но со советите на оваа шминкерка ќе можете да ја одржите младоликоста само со помош на коректор, не ви требаат никакви естетски корекции.

Ако коректорот правилно се нанесе, се добива визуелен ефект на мал фејслифтинг. Токму во следново видео, Черчил покажува како го прави тоа со само три потега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blondie Social (@blondie_social)

Таа употребува коректор со боја на праска, кој со тенка четкичка го нанесува под надворешниот агол на окото, под и десно од ноздрите и во истиот тој правец под надворешниот агол на усните. Движењето оди оздола нагоре. Потоа, со подебела четкичка добро го блендира коректорот и продолжува со шминкање. Посветлите површини даваат ефект како целиот среден дел од лицето да се подигнал и освежил малку.

Брац-дол усните се тренд кој го сакаат познатите девојки од А-листата: Запознајте го трикот што го користат Џеј Ло и Кендал Џенер (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.