Вака изгледа телото на жената на која мажите не можат да ѝ одолеат: Таа има 47 години, но сè уште е бомба на плажа!

Гори!

Нејзиниот прекар со која таа се гордее е „јадачка на мажи“, бидејќи на кого и да фрли око, тој нема никакви шанси

Ларса Пипен (47) е ѕвезда од реалните шоуа, една од најдобрите поранешни пријателки на Ким Кардашијан и поранешна жена на НБА-легендата Скоти Пипен.

Но Ларса е и најатрактивната жена на планетата. Каде и да се појави, таа привлекува внимание, а ја гледаат и мажи и жени.

Додека мажите лудуваат по неа, жените најчесто се љубоморни, бидејќи се незабележливи покрај Ларса.

Деновиве, Ларса ужива да ги покажува своите облини на плажите на Мајами. Иако носи едноделен костим за капење, таа изгледа сензационално во него!

Не се знае со сигурност со што се занимава Ларса, освен што повремено гостува во реални шоуа. За неа е и бракот со Скоти, со кого има три деца.

Ријалити ѕвездата, инаку, минатата година на сите им соопшти дека ѝ се придружила на страницата за возрасни OnlyFans, бидејќи како што објаснила, сака сите да имаат увид во нејзиниот див живот и да им ги покажува своите омилени костими за капење, како и долна облека.

Сè започнало со разводот од кошаркарот Скоти Пипен и со караницата со кланот Кардашијан. Потоа, следела аферата со кошаркарот Малик Бесли, кој е 23 години помлад од неа и кому наводно му го уништила бракот, но се чини дека и тој брзо ѝ здодеал, па го оставила по неколку месеци и сега ужива во соло-животот.

Има 46 години, а живее за да заведува туѓи мажи: Вежба секој ден, троши многу пари на разубавување и пак не е среќна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.