Цела Италија пее: „Да се прегрнеме“

Откако го видовме видеото од едно маало во Неапол, како соседите се излезени на балконите и пеат во знак на солидарност, се појавија и други видеа и од истиот град, но и од други градови. Инаку Италија вчера пријави 250 лица кои починале поради зараза со корона вирусот.

Така, на едно, исто така од Неапол, соседите пеат „La gente come noi non molla mai“, односно „Народ како нас, никогаш не се предава“.

https://www.facebook.com/michele.mignano.9/videos/2919669208112132/?t=0

 

На третото видео кое е компилацијата од повеќе видеа, се гледа дека некаде се свираат инструменти, некаде одекнуваат аплаузи, додека на повеќето се повторува песната – „Abbracciame”, односно „Да се прегрнеме”.

Песната е од 2015 и ја изведува пејачот Андреа Санино.

Рефренот што го пеат во видеото гласи: „Прегрни ме вечерва, не сакам да се сеќавам на ниту еден од моментите кога те сонував и потоа се будев, а ти не беше тука“.

Целата песна слушнете ја во видеото во продолжение, а преводот на англиски можете да го видите на линкот – „Abbracciame – English

Уметноста обединува!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.