Дефинитивно крај, потврди Јелена: „Душко ми е животна грешка, ми ја загорчи секоја секунда од животот“

Интервјуто на Јелена Карлеуша открива сѐ за нејзината врска со Душко Тошиќ.

Поп-пејачката Јелена Карлеуша е во центарот на вниманието откако на почетокот на август ги објави албумите „Алфа“ и „Омега“. Занесени по нови песни кои не престануваат да се коментираат, луѓето престанаа да се интересираат за нејзиниот приватен живот, кој беше главна тема досега, па нејзината врска со Душко Тошиќ барем одреден период падна во втор план.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

И додека на професионално поле ѝ цветаат рози, со оглед на тоа што новиот проект на популарната пејачка ги доби сите комплименти, како од домашната, така и од меѓународната публика и критика, интервјуто на Јелена Карлеуша што го даде за магазинот „Стори“ открива дека во нејзиниот приватен живот не ѝ тече мед и млеко.

Така, на новинарското прашање дали работата на новиот албум ѝ помогнала да ги преброди сите тешки моменти кои ѝ се случија во последните четири години, Јелена искрено одговори.

Ако мислите на мајка ми, таа е мојата жива рана која не зараснува. Само што научив да живеам со тоа. Ако мислите на Душко, тој со сите сили се трудеше да ми ја отежне секоја секунда од животот и да покаже каква животна грешка ми беше, а ако мислите на линчот што го доживувам одвреме-навреме од јавноста, на него гледам како на голема мотивација и инает. Затоа ја напишав песната „Минута“, во неа на крајот им се заблагодарувам на сите! Сето тоа што го набројав во неа ме направи многу силна – изјавила меѓу другото ЈК.

Пејачката признава и дека имала многу болки во животот, но и дека баладата „Ја“ е полна со автобиографски моменти.

Во мојот живот отсекогаш имало многу болка. Тоа што сум силна жена за јавноста не значи дека ударите не ме повредуваат. И во животот и во љубовта јас знам само да страдам и да стиснам заби, па јавноста мисли дека е нормално да бидам напаѓана, линчувана, изложувана на притисоци, да ми се кршат човековите и женските права… Малкумина ме доживуваат како нежна сопруга и мајка, јас сум повеќе како вонземјанин во нашето општество. За жал, животот многу ме зајакна со ударите, толку се борев и приватно и професионално што не знам поинаку да фунцкионирам, освен да се бранам, удирам, борам, заклучува пејачката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.