Трогателни приказни и инспиративни разговори: #Profemina2023 помина во знакот на женската сила и поддршка!

НОВА женска енергија беше мотото на #Profemina2023

Вчера, на 23 ноември (четврток) успешно се одржа седмото издание на регионалната конференција за жени „Профемина“, во организација на „Колор медиа плус“, издавачот на највлијателниот женски магазин „Убавина и здравје“

Регионалната конференција „Профемина“ повторно ги обедини жените на едно место, давајќи им можност да проследат интересни дискусии, информативни разговори и инспиративни приказни. Точно во 10.00 часот, посетителките го зафатија своето место во хотелот „Холидеј Ин“ и со нетрпение чекаа да започне богатата програма, чиј акцент повторно беше ставен на убавината, здравјето, негата и на сè друго што е од исклучителна важност за жената.

Пред официјалниот почеток, гостите љубопитно ги разгледуваа изложбените штандови на поддржувачите на конференцијата, кои беа дел од богатата зона на искуства.

Огромниот број посетители имаа ретка можност на едно место да ги испробаат и тестираат производите на Vichy, La Roche Posay,  Revalid, Violeta, Pierre Cardin Cosmetics, Merz Spezial, Afrodita Cosmetics, Matoss Cosmetics, се информираа за едукативните можности што ги нуди Универзитет Скопје, дознаа за иновативните технологии на EcoTip за филтрирање на воздух и вода, a специјален зачин беа играчките за возрасни на LoveGuru.

Blueair технологијата го прочистуваше воздухот во салата за време на целата конференција

Гостите не пропуштија да се регистрираат на влезот за да си го обезбедат своето учество во лотаријата полна со изненадувања од поддржувачите на конференцијата:  Vichy, La Roche Posay, CeraVe, Revalid, Martimex, Delimano, Sillhouette, Afrodita Cosmetics, Pierre Cardin Cosmetics, Silk Solution, Love Guru, а Универзитет Скопје доделија целосна стипендија по магистерски студии.

Традиционално, како и секоја година, Јована Стојменовиќ, главната и одговорна уредничка на магазинот „Убавина и здравје“, свечено го отвори настанот, поздравувајќи ги неговите поддржувачи, откривајќи ѝ на публиката што сè може да очекува до 18 часот и најавувајќи ја првата панел-дискусија со која започна конференцијата – „Образование – патоказ во животот“, поддржана од Универзитет Скопје.

На оваа тема, м-р Билјана Трендафилова разговараше со проф. д-р Виолета Миленковска, универзитетски професор, Александра Митрова, директор за продажба и маркетинг во Скопје Мериот хотел, доц. д-р Викторија Трајков, кариерен дипломат, и со Мартина Нанева, најдобра дипломка на УТМС. (Повеќе за овој разговор прочитајте ТУКА).

Потоа, конференцијата продолжи со мастер-клас поддржан од Pierre Cardin Cosmetics, за време на кој професионалниот шминкер Јован Кароски на присутните дами им ги откри триковите на врвните мајстори на својот занает.

Тој ја подготви својата моделка Сара за најлудата ноќ – пречек на Нова година, во рамките на студијата „Шминкај се како професионалец“ (Погледнете како помина овој мастер-клас по шминкање ТУКА)

Следуваше втората панел-дискусија со наслов „Се гледаме на менаџерското столче“, поддржана од А1. Уредничката на информативната програма на ТВ Сител, Славица Арсова, разговараше со своите соговорнички: Христина Џамбазовска Анастасов, генерален директор на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, Бисера Ропи, раководителка на Одделот за маркетинг на приватни комуникации во А1 Македонија, Љупка Ѓоргиевска, помошник на Управен одбор на НЛБ Банка Скопје и директорка на Сектор за развој на понуда и маркетинг, Филомена Пљаковска-Аспровска, претседателка на Управниот одбор и главен извршен директор на КаСис АД Скопје, д-р Ана Пепељугоска, адвокатка/партнер во Адвокатското друштво Пепељугоски.

Успешните жени ги споделија своите инспиративни приказни и открија како ги балансираат приватниот и професионалниот живот. (Повеќе за овој разговор прочитајте ТУКА)

„Дали сум безбедна?“ беше третата панел-дискусија во рамките на „Профемина 2023“ на која се разговараше за еден од најпоразителните проблеми во општеството: семејното и родово базираното насилство. Тв-новинарката Анастасија Илиевска отвори многу значајни прашања на оваа тема, заедно со соговорничките проф. д-р Александра Деаноска-Трендафилова, Правен факултет Јустинијан Први; Ана Тодоровска, психолог во Советувалиште при НССР (Национален совет за родова рамноправност) и Сумеа Рамадани, психолошки советник, универзитетски асистент по психологија, оператор за семејно насилство при НССР.

Дел од дискусијата беа и двете хероини Ирена Димоска и Љупка Мачкова, кои и самите биле жртви, но успеале да се изборат против семејното насилство, а сега и собраа храброст јавно да ја раскажат својата приказна, преку која се надеваат дека ќе допрат до многумина. (Прочитајте повеќе за оваа емотивна дискусија ТУКА)

На годинешната конференција Revalid го лансираа својот најнов производ – шампонот Revalid Tripple Active DS.

 

Бојан Гиевски ја презеде улогата на модератор, а Благица Беговска Спасовска, одговорно лице за брендот Revalid во Евофарма Македонија и Д-р Ирена Димитровска, специјалист-дерматовенеролог, ни открија нешто повеќе за новиот револуционерен производ. (Дознајте повеќе ТУКА)

Четвртата панел-дискусија беше во знакот на убавината и негата, со наслов „Сите нијанси на убавината“, под покровителство на Afrodita Cosmetics.

ТВ-водителката Марија Латиновска го модерираше овој разговор, а нејзини соговорнички беа: д-р Билјана Додева Симоновска, психијатар во ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија, Скопје; д-р Весна Бојчева, општ лекар, општ лекар, дипломиран козметолог, специјализант по дерматовенерологија; Амра Чековиќ, фармацевтка и стручен советник во Afrodita Cosmetics и Марија Васиќ-Атанасовска, специјалист по анестезиологија и поранешна Мис на Македонија. (Повеќе за оваа панел-дискусија прочитајте ТУКА)

Убавината има тајни, а науката ги открива! Токму тоа беше целта на студијата на случај „Науката во служба на убавината“ поддржана од Merz Spezial.

 

Примариус д-р Зорица Зафировиќ, спец. дерматовенеролог од Универзитетска клиника за дерматологија зборуваше за најчестите проблеми со кожата, косата и ноктите, а откри и кое е најефикасното решение. (Повеќе прочитајте ТУКА)

„Профемина 2023“ продолжи со студијата на случај „Подобар живот за мојата кожата – митови и заблуди“, поддржана од La Roche Posay.

 

Модераторката Јована Стојменовиќ заедно со своите соговорнички, д-р Горица Дачевска, специјалист по демратовенерологија и Анета Јованова, стручен соработник за La Roche Posay во „Септима“, се обидоа да ги разбијат најчестите митови за негата на кожата. (Дознајте повеќе ТУКА)

Следуваше една многу скокотлива панел-дискусија што предизвика реакции кај присутните – „Што зборуваме кога зборуваме за секс“, поддржана од Love Guru.

Професорката и авторка Татјана Алексиќ на многу непосреден и оригинален начин отвори интересни теми поврзани со сексот и сексуалната енергија, заедно со учесниците: Ивана Кнез, модна дизајнерка; Катерина Ангеловска, авторка, советник за личен развој, учител по медитација и енергетски терапевт; Д-р Мирослав Пендароски, професор на Факултетот за психологија. (Прочитајте како помина оваа возбудлива панел-дискусија ТУКА)

„Дали канцерот на дојка се храни со тага?“ беше насловот на шестата панел-дискусија, поддржана од Vichy. Специјалната гостинка од Белград Ана Дорник, хуманитарка и инфлуенсерка, зборуваше за своето патешествие до излекувањето од канцер на дојка и предизвика големи емоции кај присутните со својата инспиративна приказна.

Улогата на модератор ја презеде познатата водителка Снеже Велков, а свое стручно мислење на темата изнесоа психологот м-р Жана Базби, м-р Наташа Теовска Митревска, доктор по дерматовенерологија и  Ивана Јанева Попов, бренд-менаџерка во „Септима“. (Повеќе прочитајте ТУКА)

Јаготка на шлагот на „Профемина 2023“ беше последната панел-дискусија „Што сакаат жените – одговараат мажите“, каде што свои мислења и ставови за машко-женските односи изнесоа наши влијателни мажи: Петре Шилегов, адвокат и политичар; Димитар Атанасовски, ТВ и радио-водител, маркетинг-директор; Марко Новески, ТВ-водител и доц. м-р Иван Наумовски, професор и оперски пејач.

Честа да ја модерира оваа интересна дискусија ѝ припадна на водителката Татјана Пуленџовска, а на крајот, нејзините соговорници добија пакетче полно со изненадувања од Vichy. (Прочитајте ТУКА како помина оваа панел-дискусија)

Помеѓу секоја дискусија имаше кратка пауза, за време на која гостите се освежуваа со напивките на Franck и Ladna, како и извлекување на добитниците што учествуваа во лотаријата, а по конференцијата, посетителите ги испробаа и пијалаците на Amarula.

„Профемина 2023“ заврши со богата лотарија и доделување дополнителни подароци од страна на поддржувачите на настанот, при што се погрижи за тоа сите посетители да си заминат среќни, исполнети, инспирирани и збогатени со нови знаења и информации.

 

ТЕКСТ: МАРИЈА ЛУКАРЕВСКА

ФОТО: СТЕФАН ТРПЕСКИ И ГОРАН ДЕСКОВСКИ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.