Тивко и без помпа, Бред Пит повторно влегол во животот на Џенифер Анистон: Заедно на прослава!

Се смириле

Поранешните сопружници заедно на предбожиќна прослава

Џенифер Анистон направила божиќна прослава на која го поканила својот поранешен сопруг Бред Пит.

„Беа во контакт неколку пати по неговиот роденден и се во пријателски односи“, изјавил добро информиран извор.

Иако немале многу интеракција за време на настанот, се прегрнале кога се виделе.

„Поминаа долг пат од бракот до разводот и сега планираат да останат пријатели за цел живот. Нема тешки зборови и замерки меѓу нив. Дојде тивко на забавата. Не беше дозволено да се користат социјалните мрежи, па затоа немаше ни фотографирање“, открил изворот.

Поранешните партнери по разводот повторно се поврзале во 2016 година, по смртта на мајката на Џенифер, Ненси. Бред тогаш и’ се јавил на бившата сопруга и и’ изјавил сочувство.

Вториот разговор парот го имал кога Анџелина го обвинила Бред за злоупотребување на Медокс. Џенифер тогаш му се јавила на Бред и му понудила да сведочи во негова корист.

Парот не планира повторно да влегува во љубовни однос, но работи на својата пријателска врска.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.