„Таа е најубавата жена според мене“: Дамите лудуваат по него, а тој ѝ се воодушевува на дамата на која никој не би ни помислил!

Необичен избор

Најпожелниот актер Бред Пит открил која му е најубава актерка и ја изненадил јавноста со својот необичен избор

Еден од најголемите холивудски заводници Бред Пит воедно важи и за најпожелниот маж на светот, додека неговото име е синоним за добар фраер.

И покрај тоа што е најбаран актер, Бред нема проблем да признае дека има и актерски идоли. Иако најави дека ќе замине во пензија, сè уште е во светот на филмот каде што важи за голем авторитет.

Како таков, многумина го сметаат за компетентен да даде свое мислење за талентот и харизмата на многу филмски работници. На списокот на неговите актерски идоли се нашла и една дама, за која тврди дека е најубавата жена на екраните.

Станува збор за актерката Дајана Вист, а причината поради која таа е посебна за него е тоа што се издвојува од другите на специфичен начин.

Смета дека таа е вистински доказ за тоа дека може да се биде убав и без критичарите и обожавателите да те етикетираат како секс-симбол.

„Најголемите актери не се оние што би ги нарекле убави и секс-симболи. Ќе ви кажам која ми е омилена актерка: Дајана Вист. За неа никогаш не би кажале дека е секс-симбол. Дајана Вист за мене е најубавата жена на екраните“, истакнал актерот.

Што мислите вие за неговиот избор?

Џенифер го ТУЖИ Бред Пит за 100 МИЛИОНИ долари?! Овој потег буквало ја РАЗЛУТИ – Не сака да трпи НЕПРАВДИ!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.