Стружанката Теодора Мартиноска прозборе за раперот Тајга: OВА е вистината!

Открива за „Убавина и здравје“

Познатата стружанка Теодора Мартиноска, која на македонската јавност и стана позната по смелите фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи и од истите заработува, пред неколку недели беше повторно во центарот на вниманието.

Причина за тоа беше американскиот рапер Тајга, односно во деновите кога одржа голем концерт во нашата метропола. Имено, повеќе домашни медиуми објавија дека Мартиноска по концертот завршила во хотел со големата музичка ѕвезда. Дури се појави и фотографија на која ја видовме атрактивната стружанка, како го чека раперот во вип-возилото. Но, вистината е сосема поинаква.

Познатата стружанка во моментот кога е направена фотографијата, во комбето не била сама, туку имало уште неколку луѓе од Македонија, односно гости кои биле поканети на забавата од раперот. Јавноста доби впечаток дека Мартиноска била сама во возилото и дека само таа заминала во хотелот каде бил сместен Тајга.

“Читав што се пишуваше тие денови на порталите за мене и за наводното мое “завршување” во хотелската соба на Тајга, но не сакав да реагирам. Вистината е сосема поинаква, во комбето не го чекав сама Тајга, имаше уште неколку мои пријатели со кои заедно бевме во хотелот на Тајга. Таму немаше никаква забава, туку се подружевме во фоајето на хотелот и сите си заминавме од таму, а Тајга остана нормално да се одмори и да спие” – вели Мартиноска.

Од она што го кажува Теодора, а и од она што ние сами го истраживме, помеѓу раперот и стружанката немало ништо друго, освен обична дружба, каде присутни биле и уште неколкумина други пријатели.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.