Бред Пит и неговата помлада колешка се дружат често и покрај карантинските мерки: Таа го насочува

Блиска сосетка

Бред Пит (56) изолацијата ја поминува во својата куќа во Калифорнија, каде што друштво му прави  неговата колешка Алија Шокат (31), позната по улогата во серијата „Arrested Development“.

Според US Weekly, актерката била видена како ја напушта резиденцијата на Пит минатата недела.

Она што е познато е дека Шокет живее само на десет минути од Бред.

 

Доста се дружат. Тие живеат десетина минути оддалечени, па Алија вози велосипед или шета до куќата на Бред кога ќе имаат време да се релаксираат“, изјавил извор за споменатиот медиум, објаснувајќи како Алаја го инспирирала Бред во неговите проекти, давајќи му совети „во кој правец да се движи“.

Алија и Бред се запознаа во 2019 година преку заеднички пријатели.

Тие имаат неверојатно тесна врска и длабока доверба еден во друг. Алија многу му помогна на Бред за време на неговата голема транзиција“, заклучува изворот.

https://www.youtube.com/watch?v=t2EaaxcCmQg

Фото: Getty Images

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.