Срцето на фудбалската легенда го освоила една сараевчанка: Поради Андреа ги оставил жената и детето, а еве како изгледа таа!

Го маѓепсала

Тиери Анри, еден од најдобрите светски фудбалер, е оженет со Босанка

Зад секој успешен човек стои силна жена – тајната за успехот на легендарниот Тиери Анри е една сараевчанка.

Малкумина знаат дека Андреа Рајачиќ е жената со која некогашниот капитен на француската репрезентација основал семејство и со која живее среќно повеќе од десет години.

Долго ја криеле љубовната романса, но упорните медиуми дознале дека врската е сериозна и дошле до признание од прекрасната Андреа. Сараевчанката (36) тогаш потврдила дека е во љубовна врска со фудбалерот. Поради Андреа, Анри се развел од британската манекенка Клер Мери, со која има ќерка Теа.

„Јас сум личност која сака да си ја сочува приватноста и не би сакала да давам какви било изјави. Знаете и сами како е со луѓе како Тиери и под каков притисок се јавните личности. И двајцата се согласуваме за тоа да не изнесуваме детали за нашата врска. Вистина е дека сме во врска околу една година и дека се запознавме во Шпанија. Никогаш не сум се занимавала со манекенство, иако тоа се пишува во медиумите, туку завршив менаџмент во Америка. Повеќе од тоа не би сакала да откривам, особено не сега. Можеби ќе го променам мислењето по некое време, но за сега е така“, рекла симпатичната сараевчанка во 2012 година за хрватски портал.

Андреа потекнува од угледно семејство. Мајка ѝ Татјана е професорка по руски јазик, а татко ѝ Небојша е еден од најугледните пластични хирурзи во Босна и Херцеговина, но моментално работи во Кувајт, каде што води Клиника за лекување изгореници и за пластична хирургија. Токму во Кувајт Андреа и нејзината помала сестра завршиле средно училиште, за потоа да го продолжат образованието во Америка, каде што во склоп на економскиот факултет и двете завршиле студии по менаџмент.

По студиите, Јована отишла да живее во Шпанија, а за време на една посета на сестра ѝ во каталонската престолнина, Андреа одлучила и самата таа да се пресели во Барселона. Таму летото 2008 го запознала напаѓачот на Барселона, Тиери Анри.

Двојката е во среќен брак и имаат две дева – Тристен и Татјана.

Холивудскиот заводник уловен со новата партнерка: Еве поради која бринета ја остави сопругата по 29 години брак!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.