Сопругата на Златан во шестата деценија изгледа како девојка: Се појавила во провокативен фустан и објаснила зошто сите му завидуваат!

Погледнете

Златан Ибрахимовиќ се појавил со сопругата на премиера на филм, а таа ги привлекла сите погледи во провокативен фустан

Фудбалерот Златан Ибрахимовиќ (41) во недела вечерта со сопругата Хелена Сегер (52) се појавил на премиерата на филмот Asterix & Obelix: L’Empire du Milieu во Париз.

Двојката што ретко може да се види заедно во јавност, воодушевиле многумина со својата појава. Златан за оваа пригода носел црн костим и кошула во истата боја, додека Хелена блескала во златно мини-фустанче со отворен грб, кое ја истакнувало нејзината совршена става.

Со оглед на тоа што Златан е еден од најуспешните фудбалер на денешницата, тој привлекува внимание каде и да се појави, а ситуацијата не е ништо поразлична ни со неговата поубава половина. Хелена, исто така, им е многу интересна на луѓето, можеби поради тоа што не сака да се експонира и да дава изјави за медиумите.

Иако пред две години се шушкаше дека Златан имал афера со италијанска водителка, со која наводно ја изневерувал сопругата, двојката не ги коментира овие наводи на медиумите, туку вешто ја крие својата интима.

Инаку, љубовта помеѓу Златан и Хелена трае веќе две децении, а се запознале сосема случајно.

„Со своето Ферари го имаше блокирано влезот на мојата куќа. Не можев да го извадам мојот Мерцедес од паркингот. Го видов само неговиот голем нос и златниот часовник на раката. Прилично луто му кажав да се помести истата секунда. И нему очигледно му се допадна таа моја постапка. Животот со него  не е лесен, но не лесен ни со мене. Нему му се допадна тоа што можам да му се спротивставам. Јас сум своја. Луѓето немаат поим колку се жртвував и колку работев за да станам успешна и затоа ми пречи кога ќе ми ја стават етикетата ‘саканата на Ибрахимовиќ’ или ‘жена на фудбалер’“, раскажала Хелена во една пригода.

Златан е 11 години помлад од Хелена, но разликата во годините никогаш не им претставувала проблем.

„Кога го запознав Златан, тој имаше 21 година, а јас 32. Имав кариера и богатство, не ми требаше фудбалер да ме издржува. Бев самостојна, а тој не ни беше мој тип на маж“, рекла своевремено Хелена за магазинот „Ел“.

Таа почнала да заработува на само 13 години – се занимавала со моделство и со глума, а работела и маркетинг. Хелена и денес работи со полна пареа, го бодри својот сакан и се грижи за нивните два сина – Максимилијан и Винсент.

„На Златан видов само голем нос и часовник“: Ибрахимовиќ освоил 11 години постара жена на спектакуларен начин
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.