„Спиев со тројца мажи во исто време“: Наташа забременила па сите тројца ги убедувала дека детето е нивно, а потоа го допрела дното!

Неверојатно

Исповедта на Наташа, која спиела со тројца мажи па останала бремена, ја шокирала јавноста, а она што го направила е недозволиво

Исповедта на Шкотланѓанката Наташа Мекманус, што ја споделила на порталот Quora.com, ја шокирала јавноста, а од своето искуство покажала дека постапила многу непромислено, поради што научила голема лекција.

Имено, со оглед на тоа што била атрактивна и пожелна, се впуштила во авантура која за многумина е незамислива. Во период од два месеца, таа имала интимни односи со тројца мажи во исто време.

„Не ми пречеше да спијам со сите тројца во исто време. Никој од нив не знаеше дека имам уште двајца, па уживав. Не знам зошто, но тоа ме возбудуваше, помислата дека имам неколку момци одеднаш. Имав само 18 години. Ни сама не знам како не открија што правам. Сепак, во еден момент забременив, а немав поим кој од нив е таткото. Пробав да ги задржам велејќи му на секој поединечно дека тој е таткото на детето. Првиот побегна со брзина на светлината, додека другиот ме нападна дека сум го лажела дека пијам антибеби пилули. Во тоа време не работев, па не можев сама да се грижам за дете“, напишала Наташа.

Додала и дека најголема надеж имала во третото момче, кое потекнувало од добро ситуирано семејство и кој секогаш ѝ велел дека би сакал да се оствари во улогата на татко.

„Кога му кажав дека сум бремена, прво ме праша дали сум спиела само со него во тој период. Се преправав дека сум лута што ме прашува такво нешто, а внатре во себе црвенеев. Потоа, тој ми кажа дека никогаш во животот не му се случило да доживее оргазам во вагината на девојка, така што категорично одби да се поврзе со приказната. Така останав сама. Го допрев дното.

Сите пријатели што ме обожаваа поради тоа што бев кул девојка, одеднаш исчезнаа. Морав да абортирам, бидејќи не можев да се грижам за дете без пари, работа и стан, а и родителите не сакаа да ми помогнат знаејќи каков живот водев. Денес се каам поради таа одлука, но бев премногу млада.

Генерално, ми помогна тоа што го допрев дното и што се издигнав од вистинска животна неволја, што почувствував вистинска болка. Да речеме дека во рок од само неколку дена, созреав за цел живот“, констатирала Наташа која со текот на времето го сменила начинот на живо и денес работи во мала фирма во Единбург, каде што е среќно мажена.

Исповед на една жена: „Не сум имала секс со сопругот 3 години – не можам ни да си замислам како го бакнувам!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.