„На Златан видов само голем нос и часовник“: Ибрахимовиќ освоил 11 години постара жена на спектакуларен начин

Веднаш „паднал“ на неа

Златан Ибрахимовиќ ја запознал љубовта на својот живот на спектакуларен начин и веднаш „паднал“ на неа

Златан Ибрахимовиќ веќе одамна важи за еден од најпознатите и најшармантните фудбалери на светот. Освен него, големо внимание привлекува и неговата сопруга Хелена Сегар, која и во шестата деценија изгледа беспрекорно.

И покрај тоа што Хелена е дури 11 години постара од Златан, тие важат за една од најхармоничните двојки на светот, а се запознале на спектакуларен начин.

„Кога го запознав Златан, тој имаше 21 година, а јас имав 32. Имав кариера и богатство, не ми требаше фудбалер да ме издржува. Бев самостојна, а тој не ни беше мој тип на маж“, изјавила Хелена.

Златан „паднал“ на неа штом ја здогледал, а Хелена во една пригода се присетила на нивната интересна средба:

„Со своето Ферари го имаше блокирано влезот на мојата куќа. Не можев да го извадам мојот Мерцедес од паркингот. Го видов само неговиот голем нос и златниот часовник на раката. Прилично луто му кажав да се помести истата секунда. И нему очигледно му се допадна таа моја постапка. Животот со него  не е лесен, но не лесен ни со мене. Нему му се допадна тоа што можам да му се спротивставам. Јас сум своја. Луѓето немаат поим колку се жртвував и колку работев за да станам успешна и затоа ми пречи кога ќе ми ја стават етикетата ‘саканата на Ибрахимовиќ’ или ‘жена на фудбалер’“, раскажала Хелена.

Се зборуваше дека ја изневерува и дека има љубовница на секое ќоше, но Златан Ибрахимовиќ ја сака само 11 години постарата сопруга
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.