СМИРУВАЊЕ НА ДЕЦЕНИЈАТА: Јелена Карлеуша повторно во љубов! Сè е објавено ЈАВНО, пристигна дури и порака! (ФОТО)

А мислевме дека е крај на дружбата, но...

Јелена Карлеуша е една од најголемите ѕвезди во регионот, која е позната по тоа што зборува без влакна на јазикот.

Популарната пејачка речиси редовно се кара со колешките, а убедливо најзапаметен конфликт, секако, е оној со Цеца Ражнатовиќ, со која се суди со години.

Конфликтот на Јелена со Сека Алексиќ беше помалку забележан, но и медиумски покриен, а по разменување на прозивки и навреди во текот на изминативе години, пејачките се смирија и повторно се во љубов.

Имено, Јелена неодамна на својот инстаграм-профил го објави подарокот што го доби од Сека со следнава порака:

Благодарност до драгата Сека за подароците од нивната нова колекција Stage! И многу ми се допаѓа симболиката на бројот 555. Живееме во матрикс на животни бројки, патишта, луѓе… родени да бидат слободни и среќни – напиша Јелена и ја „тагна“ Сека, која ѝ возврати на пофалните зборови на свој начин.

Имено, фолк-ѕвездата одговараше на прашањата на своите следбеници на Инстаграм, а едно од прашањата се однесуваше на евентуална соработка со Карлеуша.

Зошто да не! – одговори Сека кратко, но многу јасно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

Карлеуша сè уште не објави нешто по овој повод, а дали ќе има соработка меѓу двете големи ѕвезди – останува да видиме.

Да потсетиме, конфликтот меѓу Алексиќ и Карлеуша започна пред повеќе од пет години, кога Јелена не издржа, туку јавно ја искоментира својата колешка, нејзиното истакнување на религијата, но и неколкуте обиди да забремени, поради што многумина ја осудија.

Дали и вие со особен интерес го читате ова лудило што Сека Алексиќ го објавува за светците, Бог и бременоста? Paganium tremens uber seljačius – напиша на времето Јелена на Твитер.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.