Словачка: На државата ѝ се овозможува пристап до заштитените податоци за мобилните телефони на граѓаните за време на борбата против ширење на епидемијата на коронавирус

Со новите мерки би се предупредувале луѓето кои стапиле во контакт со заразеното лице

Парламентот во Словачка вчера одобри измена на Законот со што се овозможува на државата пристап до заштитените податоци за мобилните телефони на граѓаните за време на борбата против ширење на епидемијата на коронавирус.

Со 91 глас „за“ и 43 „против“, амандманот ќе им овозможи на државните здравствени власти да користат податоци за локација на мобилните телефони за да ги следат движењата и состаноците на луѓето заразени со коронавирус.

Владеачката четирипартиска коалиција, предводена од конзервативецот Игор Матовиќ, која е на власт од саботата, сака да провери дали се кршат карантинските регулативи.

Со новите мерки би се предупредувале луѓето кои стапиле во контакт со заразеното лице.

По протестите на Социјалдемократската опозиција, првичниот предлог на владата беше одбиен во парламентот, така што телефонските повици и СМС-пораките не може да се следат, туку само податоците за локацијата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.