Сличноста е неверојатна, сите ги тријат очите: Актерката изгледа фантастично во „одмаздничкиот“ фустан на принцезата Дијана!

Погледнете!

Елизабет Дебицки изгледала гламурозно во култниот одмазднички фустан додека ја глумела принцезата Дијана во најавата за новата сезона на серијата „Круна“

Актерката Елизабет Дебицки неверојатно потсетува на покојната принцезата Дијана во познатиот црн фустан, барем од тоа што можевме да го видиме во трејлерот на Нетфликс.

Покојната принцеза од Велс носела црно мини-фустанче со набори истата вечер кога кралот Чарлс ѝ признал дека ѝ бил неверен во телевизискиот документарец од 1992 година. Тој фустан е запаметен како „одмазднички“ и важи за едно од нејзините најубави изданија.

Откако излегоа новите сцени и фотографии на папараците од снимањето, мислењата беа поделени.

Многумина беа воодушевени од тоа како Елизабет ја одглумила принцезата, па едвај чекаат да ги гледаат новите епизоди на ТВ-серијата „Круна“, но многумина се противат на планот на Нетфликс да прикаже детални сцени од животот на принцезата.

Нетфликс додаде масло во огнот одбивајќи да даде изјава за преземање одговорност за серијата, во која стои дека сцените што еден кралски експерт ги означил како злонамерни, не се факти туку фикција.

Во меѓувреме, медиумите пишуваат дека дури и членовите на филмската екипа се загрижени за сцените што го прикажуваат воведот во смртта на Дијана, а еден  од нив наводно рекол:

„Ми се чини дека границата е премината“.

Погледнете уште фотографии од Елизабет Дебицки во улога на принцезата Дијана ви галеријата во продолжение…

Фустан што крие приказна за прељуба: Елизабет Дебицки како принцезата Дајана во популарната серија! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.