„Го ‘фатив’ сопругот како ме изневерува по 15 години брак, еве што го издаде“: 10 сигурни знаци дека мажот е неверен

Внимателно прочитајте

Ангажирала приватен детектив и тоа ѝ помогнало да ги отвори очите

Една жена, која не сакала да го открива својот идентитет, раскажала како дознала дека сопругот ја изневерува. Потенцирала 10 јасни знаци што ѝ навестувале дека нешто не е во ред, иако сопругот долго го криел неверството.

Долго сакала да му верува на сопругот дека сè е во ред, па затоа се обидувала да ги прифати неговите промени во однесувањето како дел од личниот развој. Меѓутоа, инстинктот ѝ кажувал дека сето тоа е лага.

Со оглед на тоа што сомнежот бил сè поголем, се одлучила на порадикален потег, па ангажирала приватен детектив за да види за што станува збор. Нагласила дека тоа било единствениот излез за неа, бидејќи се чувствувала сè полошо психички.

Приватниот детектив со помош на снимки од камерите за видеонадзор нашол доказ за неговото неверство. Токму дознавањето на вистината ѝ помогнало да си ја поврати моќта, да го исфрли сопругот и да се ослободи од стресот.

На некој начин сакала да им помогне на сите припаднички на женскиот пол, па ги открила сите знаци што ѝ сигнализирале дека нешто не е во ред со партнерот во овој период.

Доколку вашиот партнер прави некоја од следниве 10 работи, можеби се наоѓате во слична ситуација како и оваа жена:

1. Неговите посети во вежбалница станале многу почести.

2. Почнал да купува многу подобра долна облека.

3. Комплетниот изглед му се променил на подобро.

4. Ги променил навиките со мобилниот телефон – постојано бил на социјалните мрежи, бил залепен за телефонот, функцијата „кога последен пат бил онлајн“ му била исклучена, а лозинката му станала тајна.

5. Одеднаш престанал да ‘рчи.

6. Почнал да се исклучува од семејните активности, ги одбегнувал заедничките пријатели и имал сè повеќе „работни обврски“.

7. Не се јавувал на телефон кога бил надвор од дома.

8. Доаѓал дома и мирисал на парфем.

9. Не сакал да ја допре, се бунел кога таа ќе го допрела него и одбивал секс.

10. Престанал да покажува интерес за заеднички живот и воопшто не споделува детали од својот живот со сопругата.

Траги на неверство што жените не ги забележуваат: 12 расипани машки постапки!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.