Славниот Рамбо ја покри и втората тетоважа посветена на бившата сопруга: Првиот цртеж го замени со куче, а сега повторно избра животно

Веќе си најде и нова љубов?!

Ваков развод јавноста одамна не памети.

Познатиот актер Силвестер Сталоне (76) одлучи да ја покрие и втората тетоважа посветена на неговата поранешна сопруга Џенифер Флавин, која во август поднесе барање за развод по 25 години брак.

Така Сталоне уште еднаш побарал помош од мајсторот за тетоважи од Оклахома Сити, Зак Перез, кој тетоважата на окото на Џенифер Флавин ја покри со лице на леопард, пишува „Пејџ сикс“.

Интересно е што првиот цртеж на неговата рака во чест на неговата голема љубов, со ликот на неговата поранешна сопруга, бил „покриен“ со тетоважа на животно, само што тогаш се работело за куче или слика на Буткус, куче од филмскиот серијал „Роки“ во кој Сталоне ја толкуваше главната улога.

Покривањето на тетоважата ѝ претходеше на веста за разводот на славната двојка, односно за поднесување документи за покренување на бракоразводна постапка од страна на Џенифер откако на Инстаграм го отследи својот наскоро и официјално поранешен сопруг.

Разводот на Сталоне е навистина необична приказна од светот на познатите. Се пишуваше дека бракот на актерот „пукнал“ поради расправија за ротвајлерот Двајт. Славниот Рамбо подоцна го демантира тоа, а Џенифер изјави дека нејзиниот поранешен партнер донел важни одлуки без нејзино знаење и дека се’ повеќе троши пари, што се одразува врз нивното семејство.

Џенифер Флавин и Силвестер Сталоне имаат три ќерки, а актерот досега се женеше трипати.

Beše nekad: Dženifer Flavin i Silvester Stalone iz vremena ljubavi foto: INFphoto.com/ISTAR ImagesТој изјави дека Џенифер е најдобрата жена што некогаш ја запознал, а неодамна беше забележан во Рим како ужива на вечера со мистериозна дама.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.