Славниот актер јавно се заколна дека веќе нема да прозбори ни збор за својата ќерка со која не комуницира

Кога го прашаа за неа, имаше ужасен одговор.

Познатиот актер Ентони Хопкинс на 31 декември ќе наполни 87 години. Блескава кариера, легендарни улоги, успеси и неуспеси… многу работи го одбележаа неговиот живот, но еден дел се издвојува како најтажен.

Пред неколку години беше прекинат секој контакт помеѓу Хопкинс и неговата ќерка Абигејл (54), поточно таа се откажа од него. Оваа тема за него е многу чувствителна, не зборува за тоа ниту со најблиските пријатели. А обидот да го принудат да зборува јавно пред четири години заврши со заколнување на актерот дека повеќе нема да зборува за својата ќерка во интервјуата.

Сите негови блиски знаат дека не зборува за Абигејл, изјави неговиот пријател за „Дејли мејл“ и додаде:

Тони со години се бореше со своите демони, сега се чувствува добро и не сака повторно да ја отвори таа рана, барем не во јавност.

Ентони Хопкинс не знае што се случува со неговото дете. За време на скандалозното интервју за „Радио тајмс“ пред две години, на прашањето дали станал дедо, тој одговорил:

Немам поим. Луѓето се разделуваат. Семејствата се разделуваат, продолжуваат со својот живот.

Тој додаде:

Гајле ми е на еден или на друг начин. Не мора да го сакате семејството. Децата не ги сакаат своите татковци. Не мора да се сакате еден со друг.

 

Кога му кажаа дека неговите зборови се ладни, одговори:

Па ладни се, животот е таков.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.