Скандалозни фотографии на Кејт Мидлтон: Да го направеше ова Меган Маркл, никој не би ѝ простил!

Интернетот „се крена на нозе“

Нови фотографии од погребот на кралицата и понатаму пристигнуваат, а најмногу се анализираат оние со јатрвите: Меган Маркл и Кејт Мидлтон

Обожавателите на Меган Маркл вечно се препираат со обожавателите на Кејт Мидлтон поради што „војната“ помеѓу двете јатрви постојано се продолжува. Сè започнало кога фотографите го уловиле совршениот момент во кој војвотката од Сасекс плаче.

Една „совршена“ солза тивко се стркалала по лицето на Меган Маркл, а таа тивко ја избришала со раката во црна ракавица. Поради оваа глетка, обожавателите на актерката рекле дека таа била единствената присутна на погребот на кралицата која плачела.

Од друга страна, британската јавност овој момент го карактеризирала како „лажен“ и како „врвна глума“.

Од друга страна, испливала фотографија од Кејт Мидлтон од погребот, на која таа се смешка додека разговара со еден од свештениците, но јавноста брзо ѝ го простила тоа на новата принцеза од Велс, па оваа ситуација не се спомнуваше многу.

Секако, Кејт веројатно само сакала да биде пријатна и љубезна, но обожавателите на Меган Маркл набрзо се запрашале што би се случило кога ситуацијата би била обратна? Кога Кејт би била таа што плаче, а Меган таа што се смее?

„Замислете ги само срамотата и хаосот кога Меган Маркл би се појавила на погребот на кралицата и би се осмелила да се насмее“, гласи реченицата што кружи по Инстаграм и Твитер.

И навистина – да се насмееше Меган за време на погребот на кралицата, ќе беше практично „распната“ во јавноста, многу посурово одошто беше критикувана поради солзата, додека Кејт ќе беше поддржувана поради тоа што си дала оддишка на погребот и пуштила по некоја солза. Ова доволно кажува за тоа колку самата постапка, всушност, е безначајна, а колку перцепцијата на јавноста може да биде превртлива.

Значи Меган се изглумила: „Одлична сум во ова, постојано ми белат: Ајде, Меган, една солза, лево око, почни! Тоа го правам за три секунди“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.