Значи Меган се изглумила: „Одлична сум во ова, постојано ми белат: Ајде, Меган, една солза, лево око, почни! Тоа го правам за три секунди“

„Лажни солзи“

Погребот на кралицата Елизабета Втора е главна тема веќе со денови, поради што јавноста со будно око го следи секој чекор на членовите на кралското семејство, па така фотографијата од расплаканата Меган Маркл го заобиколи светот и подигна голема прашина.

Земајќи го предвид наводно нарушениот однос на кралицата Елизабета Втора и принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, многумина се изненадија кога ја видоа фотографијата на која војвотката од Сасекс е расплакана на погребот на кралицата.

Сепак, многумина веруваат дека имаат одговор и на ова. Имено, Меган е позната актерка, која се прослави со улогата во серијата „Две лица на правдата“, во која го покажа својот голем талент.

Според тоа, се појави и видео од пред неколку години во кое војвотката се фали како може да заплаче кога и да посака.

Одлична сум во ова! Тоа е лудо. Само ми велат: Ајде, Меган, една солза, лево око, почни! Тоа го правам за три секунди“, рекла во едно видео.

Всушност, поради оваа изјава, твитерџиите веруваат дека Меган плачела лажно, а во прилог на тоа оди и фактот што на погребот се расплака токму на левото око.

Како и да е, кралското семејство поминува низ тежок период, а Меган, плачела ли искрено или не, ја чекаат големи промени и товарот кој секако треба да го издржи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.