Диета за замастен црн дроб: Прочитајте кои намирници се дозволени, а кои никако не смеат да се најдат на вашето мени!

Бидете внимателни

Ако на последниот здравствен преглед сте откриле дека имате замастен црн дроб, треба да промените одредени навики во животот и да ја регулирате вашата исхрана за да дојде до подобрување

Недоволната грижа за здравјето на црниот дроб често доведува до разни заболувања на овој витален орган. Деградацијата обично почнува со дијагностицирање замастен црн дроб, што прогресивно продолжува до најтешката форма – цироза. Затоа, исхраната има значајна улога и во зачувувањето на овој дел од организмот и во неговото заздравување и спречување потешки заболувања.

Доколку е утврдено дека имате замастен црн дроб, покрај терапијата што ви ја препишал лекарот, ќе мора да ги промените и навиките во исхраната. Една од причините за замастен црн дроб е и дебелината, па затоа правилниот избор на намирници има многу важна улога.

Кога станува збор за житарките, режимот на исхрана за замастен црн дроб подразбира поголема количина на сите производи од интегрално брашно и цело зрно, додека питите, буреците и другите масни печива треба целосно да се исфрлат.

Се препорачува консумирање млеко и млечни производи со намален процент на масти, а од месо, би требало да одбирате пилешко и мисиркино, како и риба. Белки од јајце може да јадете секојдневно, додека жолчките не се препорачуваат.

Кога станува збор за зеленчукот, се советува ограничена консумација на компири и друг скробен зеленчук на еднаш неделно, додека сè друго може да се јаде по желба. На менито може да се најде свежо овошје или цедени сокови, компоти, а само еднаш во неделата и грст јаткасти плодови.

Благото би требало целосно да го елиминирате. Од напивки, се препорачуваат благи растителни чаеви и вода. Алкохолот е исклучително забранет.

Идеја за мени

Појадок: овесна каша со овошје и јогурт со минимална количина на млечни масти, кашест сок со овошје, зеленчук и ленено семе, овошна салата, тост од интегрален леб, мафини со интегрално брашно и семиња

Ужина: бисквити од интегрално брашно, грст јаткасто овошје, пуканки

Ручек: пилешки гради со растителни зачини печени без маснотии и сол, лосос на скара со зеленчук

Ужина: шолја безкофеински чај, полја млеко со минимална количина на млечни масти, свежо овошје или зеленчук

Вечера: кафеав ориз со варен зеленчук, свежа салата од зеленчук, интегрални тестенини

Пеганизмот е нова хит диета со правилото 5-4-3-2-1: Супер здрави навики, ги симнува килограмите како од шега
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.