Сите зборуваат за новата девојка на славниот музичар: Таа е копија на неговата бивша жена, дури и името им е исто!

Неверојатно

Може да му биде ќерка, но тој не се грижи за тоа

Славниот Гавин Росдејл (55), поранешниот сопруг на Гвен Стефани, се прослави по своите вонбрачни излети, а сега е во нова врска, според медиумите. Станува збор за ѕвездата на мрежата OnlyFans, Гвен Сингер. Сингер е дури 29 години помлада од него, а од ќерката на Гавин е дури шест години помлада.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GWEN ⚡️ (@gwensinger)

Гвен Сингер не само што го дели името со неговата поранешна жена, туку и неверојатната физичка сличност. Да се потсетиме, Гавин во 2015 година се разведе од Гвен Стефани, откако што ја изневерил со нивната дадилка. Гвен Стефани по разводот зборуваше дека е срушена, додека тој подоцна даваше изјави дека се кае што ја предал така.

Сега, Гавин очигледно нашол замена за Гвен Стефани.

„Гавин и Гвен одлично се согласуваат. Се познаваат само неколку месеци, но одлично функционираат заедно. Таа е сон на многу мажи, но Гавин е тој што навистина ѝ се допаѓа“, вели извор близок на двојката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GWEN ⚡️ (@gwensinger)


Гавин, инаку, имал проблеми да најде нова девојка и зборувал дека му е тешко по разводот.

„Постојано сум во некои проблематични врски. Претпоставувам дека љубовта не ми оди од рака. Се разведов, имав долга врска, но и тоа ми пропадна и не можам да најдам никого, иако сите мислат дека имам супер живот. Не знам, можеби е тешко да се комбинира животот на самохран татко со нова девојка“, рекол тој своевремено.

Аферата на Гавин со дадилката траела дури три години, а го вклучувала и периодот кога Гвен Стефани го носела нивното најмало дете. Гвен дознала за неверството кога една од другите дадилки нашла провокативни слики од Гавин во телефонот на дадилката. Излегло дека телефонот на Гавин бил синхронизиран со таблетот до којшто сите имале пристап.

Инаку, покрај децата со Гвен, Гавин има и 32-годишна ќерка што ја добил со дизајнерката Перл Лав.

10 разводи на славните личности што одекнаа како „гром од ведро небо“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.