Ги прочистува крвните садови, го олеснува дишењето и го чува здравјето на срцето: Секој треба да има шишенце од ова масло дома!

Домашен лек

Ова масло е одлична превенција за многу болести

Маслото од лук може да ги одржи зглобовите во добра состојба, да ги намали болките и истовремено да ги отстрани проблемите што ги следат овие состојби.

Отстранува спазам (грчење) на крвните садови, коронарни болести на срцето, отежнато дишење, а се пропишува и во случај на склероза. Одлично средство е за ширење на крвните садови.

Познато е дека лукот содржи етерично масло со алин, состојка што со сечењето се разградува во алицин, кој му дава специфичен мирис. Исто така, ги разградува маснотиите и има антибиотичко дејство. Помеѓу состојките на лукот се вбројуваат и витамините А, Б1, Б2 и Ц, цела низа минерали, калиум, калциум, магнезиум и фосфор. Елементи во траги, бакар, кобалт, манган и други материи, меѓу кои и сапонини, флавоноиди, глукосинолати и фенолска киселина.

Рецепт за масло од лук

Исчистена главица лук се става во стаклена тегла и се прелева со чиста чаша нерафинирано маслиново или сончогледово масло, а потоа се става во фрижидер да преноќи. Наутро се цеди малку лимон во теглата и се промешува.

Земајте лажиче од ова масло еднаш дневно пред оброк. Лекот трае 1-3 месеца, а може да се повтори од едномесечна пауза.

Како да направите масло од ѓумбир и зошто ви е потребно?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.