Лекции за родителство што можеме да ги научиме од Кејт Мидлтон: Таа има важен совет за сите родители!

Родителство

Кејт Мидлтон ја отворила душата и најискрено досега зборувала за родителството и за нејзините деца

Кејт Мидлтон вели дека имала среќно детство и дека на своите деца сака да им ја даде истата количина на љубов и начин на воспитување што го имале таа, нејзината сестра и брат ѝ.

„Најмногу паметам некои едноставни работи од моето детство, како играњето во паркот, па што почесто се обидувам да поминуваме време на свеж воздух со моите деца. Животот стана толку брз, што едноставните работи како гледањето зајдисонце станаа вистински луксуз.

Без оглед на сиот луксуз што го имаме јас и моите деца, најмногу уживам во малите работи, а гледам дека и ним тоа им се допаѓа.“

Таа вели дека најмногу му се радува на времето поминато во природа.

„Мислам дека тоа е одлично за физичкото и менталното здравје. Така тие ќе пораснат во силни луѓе кои знаат да ги ценат вистинските вредности.

Честопати себеси си наметнуваме некои обврски, морам да го направам ова или само уште она, а забораваме на суштината на животот. Сѐ треба да биде едноставно.“

„Има една фотографија на која Шарлот мириса сино цветче на некоја ливада. Таа создава вистинска топлина во моето срце, бидејќи е асоцијација за суштината на моето воспитување. Да поминувам што повеќе квалитетно време со децата и да не се грижам премногу“, заклучила Кејт.

Изјавата на Кејт Мидлтон за ќерката на Меган Маркл и принцот Хари збуни многумина
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.