„Сите работи ми се во кеси!“ Јелена Карлеуша се исели од семејниот дом еден ден пред веста за разводот

Сега се' е во хаос!

На социјалните мрежи, а потоа и во медиумите, одекна шокантната вест – Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ одлучија да го прекинат бракот по 14 години.

Пејачката се огласи на својот инстаграм-профил и напиша јавна објава на оваа тема.

Јас и Душко се договоривме заеднички да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките и правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период. Во овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да барам разбирање од медиумите бидејќи е залудно. Од јавноста не очекувам ни хуманост, ни разбирање, само плукање и плакнење на устата со нашиот живот. На тоа сум навикната, па удрете! Сум преживеала се’, па ќе го преживеам и ова. Животот продолжува. За да се спречат неточни натписи, целиот брачен имот е пренесен на нашите деца, старателството над нашите деца ми припаѓа мене. Секоја напишана лага ќе резултира со тужба, како и досега. Повеќе нема да се огласувам по овој повод“ – истакна Јелена Карлеуша.

Инаку, пејачката е многу активна на социјалните мрежи и редовно споделува со своите следбеници што се случува во нејзиниот приватен живот. Па така, вчера сподели видео од гардероберот во новата куќа.

Имено, Јелена се преселила во нова вила, која ја средила по свој вкус. Многу жени би ѝ позавиделе на парчињата облека што ги поседува, но и на сауната во нејзиниот гардеробер.

Како што можеби забележавте, почнав да ги пренесувам своите работи во мојот нов гардеробер во новата куќа. Само што почнав, тука ќе се полни сигурно шест-седум дена. Гардероберот е голем, има суперогледала, има суперосветлување, има две бањи, излез во двор и, што е најинтересно, и сауна. Тоа е нешто што дефинитивно го сакам и ќе детоксирам овде. Ветувам дека ќе снимам како изгледа сето ова кога сè ќе заврши, ќе биде навистина одлично, сега сè ми е во овие кеси и во хаос“ – рече Јелена и го покажа новиот гардеробер.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.