Северина овој пат ја испочитува судската забрана: Пејачката објави фотографија од синот, но со делумно скриено лице (ФОТО)
На новогодишниот семеен портрет на популарната пејачка Северина Којиќ и оваа година, како и претходните, таа позирана насмеана со сопругот Игор Којиќ и синот Александар.
Новогодишната фотографија пејачката ја објави на својот инстаграм-профил заедно со емотивната честитка.
Што ќе понесеш со себе во новата година? Не носи товар, понеси ги само шансите. Земи радост, надеж и утеха. Времето поминува, луѓето си одат, мометнално или засекогаш, но убавите нешта се паметат. Секогаш носи ги во срцето луѓето кои си ги сретнал, кои ти кажале убав збор, ти подариле насмевка, охрабрување. Сети се и на оние кои те повредиле и те научиле што всушност значи животот. Не жали што уште една година е зад тебе, радувај им се на убавите денови, радувај му се на она што животот ти го дал. Колку само не го дочекаа овој ден, но ти си тука. Заблагодари се, па кажи уште еднаш ‘благодарам’. Колку пати и да го повториш тоа, не е доста. Знаеш ли зошто? Затоа што животот е сè што имаш.“
Она што може да се забележи на споменатата фотографија е затскиеното лице на малолетниот Александар, во согласност со судската забрана, која им е изречена на неа и на Игор, по барање на таткото на детето Милан Поповиќ, да не објавуваат фотографии со неговиот лик.
Фото: Инстаграм