Северина: „Мажот не умее да си го земе капутот и да замине како господин човек!“

За трагедијата на многу жени

Северина Којиќ во интервјуто за еден портал откри дека ѝ е многу напорно да воспостави рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот.

Пред сè, им се восхитувам на жените што имаат напорни професии, и тоа професии што мораат да ги работат и со кои не се задоволни. Им се восхитувам на жените што имаат многу деца. Кога ја објавив песната ‘Роѓено моје’, добив толку многу прекрасни коментари од жени што имаат болни деца, кои се самохрани мајки и кои исто така поминале низ трагедијата кога мажот не знае да си го земе капутот и убаво да си замине како господин човек… Има многу такви жени, а јас ја имам среќата да се занимавам со работа во која јас одлучувам дали и кога ќе одам да пеам, а кога не. Сега имам погуст распоред кога вежбам наутро, но секоја вечер го заспивам Александар“, истакна Северина.

Пејачката откри дека Александар е пресреќен поради песната што му ја посвети мајка му и дека токму со неа го заспива секоја вечер.

Ми кажа: ‘Мамо, ова ти е најдобрата песна’, што ми е драго, бидејќи вообичаено кога ќе почнам да му пеам, ми вели: ‘Немој, немој’, бидејќи има некои свои песнички. Оваа му се допаѓа и многу сум среќна поради тоа“.

Видео: Јутјуб

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.